Приведен 19-годишен возач поради сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар во која загина жена
Полицијата го притвори 19-годишниот А.А. поради сообраќајна несреќа на атопатот Тетово – Гостивар во која вчера попладне загина 81-годишна жена од Охрид.
Во 15.50 часот вчера во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо” со охридски регистарски таблички, управувано од Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „Мерцедес” со регистарски таблички од Р.Словенија, управувано од А.А. (19) од с. Градец. На местото на настанот починала Д.М. (81) од Охрид, сопатничка во возилото „Пежо”, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гостивар.
Со тешки телесни повреди се здобиле В.В. (47) и С.В. (69) од Охрид, сопатници во возилото „Пежо”, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба возачот А.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…