Објавено на:

Приведен 21-годишен возач, возел со 175 километри на час каде дозволеното е 100

t

На автопатот Скопје-Тетово вчера во 14.42 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.И.(21) од тетовското село Нераште.

Од МВР денеска соопштија дека при сообраќајната контрола и преземени мерки, полициски службеници констатирале дека А.И. управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 100 километри на час.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување на моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…

Возач од скопско возел под дејство на…

На 04.02.2026 во 20:20 часот на автопатот…

Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…

На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…

63-годишник возел со 2,04 промили алкохол во…

Рано утрово во Кичево полицијата го приведе…