Пригожин меѓу 50-те највлијателни Евреи на светот, Зеленски извиси
Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа во Русија на 23 август годинава се најде на годишната листа на највлијателни Евреи на светот што ја составува Јerusalem Post.
Таткото на Пригожин, кој починал кога Пригожин имал девет години, бил Евреин. Откако одлежа речиси една деценија затвор за кражба, Евгениј Пригожин со помош на својот очув Евреин, штандот за хот-дог го претвори во империја на луксузен ресторан и стана познат како „готвачот на Путин“, пишува Jerusalem Post.
Израелските медиуми истакнуваат дека Пригожин го привлече глобалното внимание дури оваа година кога започна краткотраен, но добро поддржан бунт против режимот на Владимир Путин.
Но, украинскиот претседател Володимир Зеленски не се најде на листата на највлијателни Евреи оваа година.
Минатата година Зеленски се најде на првото место на листата на 50 највлијателни Евреи.
„Нема многу политички лидери кои се издигнати до статусот на икона, но украинскиот претседател Володимир Зеленски стана еден од нив“, објасни тогаш Jerusalem Post за неговото вклучување на списокот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Група белгиски Евреи бараат санкции за Израел
Група белгиски Евреи ги повикаа белгиските и…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
ОН: Нападите на еврејските доселеници против Палестинците…
Еврејски доселеници извршиле најмалку 264 напади врз…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…