Прилепчанец со „пежо“ се заби во оградата на прилепската касарна, повредени четири лица
Четири лица се повредени од кои тројца малолетници, откако 20-годишен прилепчанец со „пежо“ се забил во оградата на прилепската касарна.
„Вчера во 23.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(20) од Прилеп, удрило во оградата од касарната „Мирче Ацев“. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Прилеп, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца други малолетни сопатници од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп, сите од Прилеп“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најава за средба меѓу Венс и Резаи…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и секретарот…
Хакери украдоа податоци од „Росстат“: Во војната…
Во војната во Украина загинале повеќе од…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Четворица медицински техничари осомничени за убиство на…
Суд во Загреб одреди едномесечен притвор за…
Инфлацијата во октомври 3,3 проценти на годишно…
Најновите податоци на Државниот завод за статистика…