Притвор за 25-годишникот од Струмица кој ја уби својата баба

t

Дваесет и петгодишниот струмичанец П.И., кого ОЈО Струмица го сомничи дека е извршител на убиството на 83-годишната М.Б., доби триесетдневен притвор.Според портпаролката на Основниот суд во Струмица, Мариета Дукиќ, мерката му ја одредил судија на претходна постапка од судот, кој го прифати предлогот на струмичкото Јавно обвинителство. Притворот му е одреден по член 123 од Кривичниот закон, став 2, точка 4 за кривично дело „убиство“.

Инаку, П.И. се сомничи дека на 20 јануари, откако побарал и не добил пари од М.Б. од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените повреди, таа починала.Тој одзел пари и предмети од домот на М.Б., од кои дел биле пронајдени при претресот, извршен по наредба на ОЈО Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче од Струмица: Да не оставиме ниту…

Неврохирургот Венко Филипче при својата вчерашна посета…

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

„Борбата за подобра Македонија никогаш не запира“:…

Градоначалнилчката на Град Скопје и лидер на…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

(Во живо) Поразително: ВМРО-ДПМНЕ во Струмица има…

Според последните податоци од ажурирањето на членството…