Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите и повредените во Кочани
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ ја честиташе победата на македонските фудбалери против Лихтенштајн (0:3).
„Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе“, вели Омерагиќ, цитиран од ФФМ.
Тој најави дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.
„Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат. Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена“, додаде Омерагиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска…
Лидерите на СНП, Plaid Cymru и Sinn…
По 18 месеци од трагедијата во „Пулс“,…
Осумнаесет месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“,…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…