Проблеми во рајот: Американскиот Конгрес не може да се договори за Буџетот, следуваат проблеми
Aмериканската влада се подготвува за прекин на работа кој најверојатно ќе следи за осум дена бидејќи конгресмените се уште не го договориле буџетот за следната година, пишува Вашингтон пост.
Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа им препорача на лидерите на федералните агенции да ги ажурираат своите акциони планови во случај на прекин на финансирањето и подготви нацрт писмо за да ги информира вработените за моменталната ситуација.
Според американскиот весник, исклучувањето на владата значи дека милиони федерални вработени и припадници на војската ќе престанат да добиваат плати, додека многу од нив ќе мора да се појават на работа.
Во исто време, некои национални паркови и музеи ќе бидат затворени, а ќе има и нови прекини и доцнења на аеродромите низ САД.
Исклучувањето на владата ќе влијае и на најважните федерални програми за помош, како онаа што им помага на жртвите од смртоносните шумски пожари во Мауи, Хаваи.
Американската влада ќе згасне доколку конгресмените не го усвојат буџетот за следната фискална година до крајот на септември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…