Проверете дали сте во избирачкиот список: Започнува јавниот увид на списокот за Маврово-Ростуше и Центар Жупа

t

Од утре, 19 февруари, почнува јавниот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во општините Центар Жупа и Маврово – Ростуше каде на 17 април треба да се одржат избори за градоначалници.

ДИК денеска на редовна седница, изгласа продолжување на примената на три упатства кои беа важечки за Локалните избори во 2021 година: Упатство за начинот и постапката на поднесување прием и потврдување на кандидатските листи донесено на 25 август 2021 година, Упатство за начинот на именување членови на избирачки одбори по предлог на политичките партии донесено на 3 септември 2021 и Упатство за изгледот на беџовите за идентификација донесено на 25 август 2021 година.

-Останатите упатства кои биле донесени наменски за Локалните избори во 2021 година, ќе се ревидираат, односно корегираат и прилагодат на следната седница на ДИК, по што ќе бидат и донесени како посебни акти, соопшти Борис Кондарко, образложувајќи ја оваа точка од дневниот ред на седницата.

Во моментов, како што информира Борис Кондарко, тече собирањето потписи за кандидирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…

Владата одлучи: 24 април и 8 мај…

На 16. седница, Владата заклучи 24 април…

Нападнат малолетник во Центар

На 05.04.2024 во 23:30 часот во СВР…

Семејно насилство во Центар: 67-годишната мајка ја…

Денеска во 02.40 часот во СВР Скопје,…

Малолетни разбојници приведени во Центар – ограбиле…

На 28.02.2024 во 14.00 часот на подрачјето…