Продолжен притворот за десетмина осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад
Вишиот суд во Нови Сад им го продолжи притворот на осомничените во истрагата за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад за уште 30 дена, соопштија за Танјуг во Вишиот суд во Нови Сад. Во падот на настрешницата загинаа 16 лица, а едно лице е тешко повредено.
Продолжен е и куќниот притвор во кој се задржани сите осомничени.
На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.
Покрај овие десет, во домашен притвор се уште двајца осомничени, а една од нив е поранешната в.д. генерален директор на „Железничка инфраструктура на Србија“ – Јелена Танасковиќ.
Поранешниот министер за градежништво, Горан Весиќ се брани од слобода бидејќи по неколку дена минати во притвор судот му го укина притворот прифаќајќи ја жалбата на неговиот бранител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…
Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…
Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…
САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…
САД се подготвуваат да објават нови царини…
ЕУ планира да вложи до 50 милијарди…
Европската Унија планира да вложи до 50…