Продолжен притворот на таткото на малиот монструм од Белград
Вишиот суд во Белград на 30 дена му го продолжи притворот на таткото на момчето кое на 3 мај уби девет врсници и чуварот на училиштето во ОУ „Владислав Рибникар“.
Притворот на Владимир К. е продолжен за да не се повтори кривичното дело, како и со оглед дека постои основано сомневање дека сторил кривично дело за кое е пропишана казна затвор над десет години и начинот на извршување и тежината на последиците. на кривичното дело доведе до вознемиреност во јавноста која може да го загрози непречено и правично водење на кривичната постапка, се вели во соопштението на тој суд.
Мајката на момчето, Миљана К. пред еден месец и е изречена мерка забрана за приближување, средба или комуникација со одредено лице, односно со која и е забрането да се приближува, да се сретне или да комуницира со синот на К.К., сведок во оваа постапка.
Владимир К. е обвинет за тешко кривично дело против општата безбедност со обвинението кое на 10 октомври е доставено до Вишиот суд на потврда, додека Миљана К. се товари за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Малолетник нападна полицаец со два ножа…
Малолетник од Шабац е убиен ноќеска пред…
Засилени активности во Пионирскиот парк во Белград:…
Во Пионирскиот парк во Белград се наоѓа…
Белград се полни со специјалци: Жандармеријата во…
Припадници на српската Жандармерија со автобуси влегоа…