Продолжуваат препукувањата: Азербејџан вели акциите се испровоцирани од можност за саботажа – руските изјави не соодветствуваат со реалноста
Министерството за одбрана на Република Азербејџан издаде официјално соопштение во кое изразува „жалење поради едностраната изјава на Министерството за одбрана на Руската Федерација, која не соодветствува на реалноста“.
Во соопштението понатаму се наведува дека акциите на азербејџанската армија биле испровоцирани од наводните „обиди на ерменските диверзантски групи да извршат саботажи“.
Како заклучок, Министерството за одбрана на Азербејџан ја повика руската страна да обезбеди целосно повлекување на „остатоците од ерменската армија и илегалните ерменски вооружени формации од меѓународно признатата територија на Азербејџан, не го попречува движењето на азербејџанската армија“ и да не се користи терминот „Нагорно Карабах“.објасни дека „административно-територијалната единица со тоа име не постои на територијата на Азербејџан“.
Судејќи според тонот на азербејџанската изјава и фактот дека таа ги игнорира руските повици за повлекување, Баку нема намера да придонесе за смирување на тензиите во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…