Продолжува скандалот во ДПМНЕ Кочани: Откако јавно проговори за криминалот Славица Ангелова избркана од партискиот штаб
Познатата долгогодишна партиска активистка Славица Ангелова добила забрана за влез во општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и била разрешена од раководството на Патриотскиот институт откако во повеќе објави на својот профил јавно проговори за рекетот, уцените и корупцијата во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани.

Откако не доби поддршка од партијата која одлучи да ја казни за тоа што јавно го обелодени криминалот Славица Ангелова не го крие своето разочарување и симболично ги промени својата профилна и насловна фотографија каде беше сликана со Христијан Мицкоски, пратеникот Миле Лефков и други партиски функционери. Токму Миле Лефков на состанокот и ги затвори вратите на партискиот штаб.

Инфомакс претходно објави за распадот во ДПМНЕ Кочани каде функционери барале мито за вработување и за поставување на партиски функции.
Во продолжение претходните текстови на Инфомакс поврзани со скандали во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски…
Откако речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
Кочани ни е во фокусот, вели новиот…
Министерот најави амбициозен план за реформи во…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
Мајка на загината во трагедијата во Кочани…
„Деко се криел во скривница додека децата…
Газда Деко се криел доле во скривница…