Произведени 14.939 мегават часови електрична енергија: Не купувавме струја изминатото деноноќие

t

Изминатото деноноќие биле произведени 14.939 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, известуваат од Владата.

-Во термоелектраните произведени се 13.141 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.798 мегават часови, соопштуваат од Владата.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба биле набавени 850 мегават часови електрична енергија.

-Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, објаснуваат од Владата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ за…

Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите…

Мицкоски: ЕСМ вложи жалба за предметот со…

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ЕСМ вложило…

ЕСМ поднесе приговор до ОЈО ГОКК за…

ЕСМ поднесе приговор за затворената истрага за…

ЕСМ ќе се жали на одлуката на…

АД ЕСМ сè уште не го доби…

Ќе се трошат стоковните резерви на мазут,…

Утре е закажана седница на Влада на…