Пронајдена дрога во Белата куќа!
Американската тајна служба отвори истрага за тоа како бела супстанца, за која е потврдено дека е позитивна на кокаин, завршила во библиотеката во Белата куќа.
Според „Вашингтон пост“, супстанцијата била откриена во неделата навечер, а содржината на дрога била мала.
Портпаролот на тајната служба Ентони Гуглиелми изјави дека по откривањето на сомнителната супстанца, службениците во Белата куќа биле накратко евакуирани.
„Истрагата за причината и начинот на внесување на супстанцијата во Белата куќа е во тек“, рече Гуглиелми.
Американскиот претседател Џо Бајден во тоа време не бил во зградата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…
Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
(Видео) Откриен тунел за трговија со дрога…
На границата меѓу американската држава Калифорнија и…
Кумановец урнал куќа која била заштитено културно…
Педесет и двегодишник од Куманово ќе се…
Тројца мртви во американски напад врз брод…
Американската војска повторно бомбардираше брод за кој…