Пронајдена дрога во „Идризово“
Скопската полиција информира дека вчера бил извршен претрес во затворот „Идризово“ при што биле пронајдени различни видови на дрога. Полицијата соопшти дека биле пронајдени и одземени марихуана и таблети.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известија од СВР Скопје.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов пред неколку дена информира дека интервентна единица повторно пронашла мобилни телефони во ќелиите во затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари. Биле најдени 35 телефони. Во текот на вчерашниот ден, во полуотвореното и отвореното одделение на затворот повторно биле пронајдени околу 30 телефони меѓу затворениците.
Според Пандов, тоа се бројки кои загрижуваат. Имало контрола и во затворот во Струмица, каде што има 100 затвореници, при што биле пронајдени само 3 мобилни телефони.
-Сите затворски полицајци со валкани значки, ќе се најдат зад решетки, рече Пандов.
На почетокот на овој месец Управата изврши претреси во истражниот затвор Скопје каде пронајде мобилни телефони и кај возачот Васил Јованов и кај други притвореници. За телефонот на Јованов реагираше и СДСМ, а семејството на починатата Фросина Кулакова побара од секторот за внатрешна контрола во МВР да го пронајдат лицето што го снабдил со телефон Јованов. Веднаш по претресот тој е сместен во самица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…
Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
(Видео) Откриен тунел за трговија со дрога…
На границата меѓу американската држава Калифорнија и…
СДСМ: Мицкоски за брзо ќе ја чита…
Мицкоски вели дека помислил дека антикорупцискиот закон…
Тројца мртви во американски напад врз брод…
Американската војска повторно бомбардираше брод за кој…