Пронајденото починато лице во Велес е маж кој исчезна минатиот јули
Познат е идентитетот на лицето кое беше пронајдено починато, во поодмината фаза во близина на филтерната станица во Велес, на шести јануари.
Како што дознава ,,Фокус” од блиски на починатото лице, станува збор за велешанец на возраст од 66 години, кој беше пријавен за исчезнат од јули минатата година. По него се трагаше подолг период, а семејството преку ,,Фокус”, но и на социјалните мрежи бараше помош во негово пронаоѓање.
Од СВР Велес по повод случајот известија дека на местото каде бил пронајден трупот бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на Институт за судска медицина, заради утврдување на причините на смртта и идентитетот.
,,Фокус” побара одговори од ОЈО во врска со случајот, односно дали е утврдена причината за смртта на велешанецот, кој исчезна пред околу шест месеци, а чиј труп беше пронајден кај филтерната станица на ЈКП Дервен во Велес. Од таму посочија дека се уште не е готов обдукцискиот наод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…