Пронајдено оружје кај 70-годишник од струмичко

t

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Т.(70) од Ново Село, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

На 18.02.2025 во објект на катастарска парцела, која според Законот за извршување била предмет на испразнување и предавање на трето лице, на недвижност која била во сопственост на пријавениот, биле пронајдени и одземени полуавтоматска пушка, пиштол и куршуми, кои припаѓале на правен субјект избришан со стечајна постапка од регистарот на Централниот регистар, а за кои не била извршена пререгистрацијa, соопштија од полицијата. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Индија се откажа од купување на руските…

Индија го откажа договорот со Русија за…

Американските автомобилски компании ќе произведуваат оружје!

Американските автомобилски компании ќе почнат да произведуваат…

КБС ќе добијат ново оружје во вредност…

Косовските безбедносни сили наскоро треба да добијат…

Стрелачки клуб од Прилеп им продавал оружје…

Стрелачки клуб од Прилеп ќе одговара за…