Пронајдено тело на планинар кого го барале со месеци, покрај него го нашле живо неговото куче
Телото на 71-годишниот планинар кој исчезнал во август е пронајдено во планините во јужниот дел на Колорадо. Спасувачите наведуваат дека покрај телото било неговото верно куче, кое успеало да преживее во дивината.
На 19 август, Рич Мур со својот териер Фини тргнале кон врвот Блекхед Пик и повеќе не се вратил. Десет недели подоцна, на 30 октомври, неговите останки ги пронашол ловец. Тие се наоѓале на неколку километри источно од врвот на планината. До Мур беше Фини.
„Кучето беше многу слабо, изгуби околу половина од својата тежина. Тоа покажува колку е лојално“, изјави за Си-Ен-Ен Делинда Ван-Брајтин, која беше вклучена во потрагата по планинарот.
Тренерот на кучиња Расел Хартштајн вели дека ваквата лојалност на кучето кон својот сопственик не е невообичаена. „Тие често можат да бидат лојални и по смртта на човекот“, изјави Хартштајн за Си-Ен-Ен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…