Просечната нето-плата за јули е 40 илјади денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2024 година, изнесува 40 961 денари. Додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2024 година, изнесува 61 569 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 112.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.6 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.7 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.9 %), Административни и помошни услужни дејности
(5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Туск предупреди: „Пред нас се многу тешки…
Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека пред…
Бугарското МНР го повикало на разговор в.д.…
Вршителот на должноста шеф во Амбасадата на…
Трамп пред тешка одлука: Белата куќа на…
Белата куќа одржува интензивни разговори за можноста…
Четворица Полјаци приведени кај воени магацини во…
На 28 септември 2026 година во 18:24…
Вашингтон бара ЕУ да ослободи дизел од…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…