Протестираа и студентите од тетовскиот државен универзитет: Професорка му се заканувала на студент за коментар на Фејсбук

t

Со марш од Факултетот за уметности во центарот на градот до Ректоратот на Државниот универзитетот во Тетово, група студенти побараа одговорност за однесување на професорката Бесјана Мехмеди, за која бараат да се отстрани од наставата. Тие се собраа пред Факултетот во центарот на Тетово и тргаа пеш до Ректоратот носејќи транспаренти и извикувајќи пароли.

– Важно e такви луѓе не бидат професори во ниту еден универзитет во Македонија. Не треба да бидат професори на нашите универзитети. Професорката Бесјана Мехмеди се заканува на секое предавање и на студентите им забранува да следат различни политички работи на Фејсбук, им забележува зошто реагираат на неколку објави на социјалните мрежи, им прави булизам. Така што е ова многу чудно што се случува ова на некој универзитет што има такви луѓе како професори што реагираат на овој начин и им кажуваат на студентите дека ќе ги фатат за врат поради објавите на социјалните мрежи, изјави Бленди Ходаи, студент и член на организацијата Форум за образовни промени, коja ги поддржа студентите од Факултетот за уметност.

Единственото барање на студентите е професорката да не биде повеќе да не предава на Факултетот за уметност.

– Обвинителството да врши работа дали тоа е кривично дело што професорката се заканува на студентите. Вчера на Ју-тјуб имаше снимка каде професорката се заканува студентите и мислам дека обвинителството има доволно докази за да дојде до некаков епилог. Одговорот е на Факултетот е дека студентите имаат можност да одлучуваат меѓу професорката и уште еден друг професор кои сакаат да го слушаaт предметот, но тие не го прифаќаат тоа барање, изјави Ходаи.

Сличен ваков протест студентите од Факултетот за уметности во Тетово имаа и на 7 април пред седиштето на Факултетот.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Тетово формирана коалицијата „Европски фронт“ на…

Претседателите на четири политички партии денеска во…

МВР: Двајцата пожарникари се обиделе да го…

Секторот за внатрешни работи Тетово излезе со…

Тешко повреден е возач на мопед од…

МВР информира дека вчера во 07.35 часот…

Тешка сообраќајна несреќа во тетовско: Малолетник излета…

Малолетник излетал од патот с.Долно Палчиште-Тетово, соопштија…