Протести во Нови Сад поради претепаните студенти!
Од 16 часот во Нови Сад се организира протест поради тепањето студенти во тој град, кои беа нападнати пред партиските простории на Српската напредна странка.
Студентите од блокадата најавија протест во Нови Сад откако синоќа се случија два напади врз нивни колеги. Група ученици најпрвин била нападната пред просториите на СНС, а истите сторители подоцна претепале двајца ученици во близина на основното училиште „Петефи Шандор“.
Во Клиничкиот центар во Војводина утринава околу четири часот се примени 22-годишна девојка и млад човек. Тешко повредената студентка е примена на клиника на максилофацијална хирургија каде ќе биде имобилизирана.
Поради нападот врз учениците во Нови Сад, уапсени се Д.Р.(22) и Н.Д.(22) од Сремски Карловац.
Милош Вучевиќ, кој денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Србија, потврди дека напаѓачите на студентите ги напуштиле просториите на СНС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…