Протести во Словачка, се бара оставка од премиерот Фицо
Илјадници луѓе синоќа се собраа низ повеќе градови во Словачка на протести против најновите потези на владата на премиерот Роберт Фицо, која се обидува да ја укине независната канцеларија за заштита на свиркачите и да го промени Кривичниот законик.
Протести се одржаа во десет градови, вклучувајќи го и главниот град Братислава, каде што собраните на Плоштадот на слободата на премиерот Фицо му скандираа „оставка, оставка“.
Незадоволството избувна откако членовите на владејачката коалиција, лојални на Фицо, минатата недела гласаа во парламентот за план за укинување на Канцеларијата за заштита на свиркачите, и покрај острите критики за потегот во Словачка и во странство.
Во друг контроверзен потег, парламентот гласаше за забрана на користењето докази собрани од осомничени кои соработувале со полицијата во замена за полесна казна. Според новите правила, таквите докази не можат да се користат дури и ако тоа лице дало лажна изјава во друг случај.
На еден транспарент во толпата пишуваше: „Владата на Фицо ѝ помага на мафијата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светска банка предупредува: Енергијата поскапува 32%, храната…
Светските цени на суровините се очекува да…
Сенаторот Марфи предупредува за можни нови удари…
Американскиот сенатор Крис Марфи упати остри критики…
Путин: Подготвени сме за војна, но не…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија…
(Фото) Сè повеќе држави советуваат домашни резерви…
Влади низ светот ги советуваат граѓаните да…
Естонија планира 150 бункери во пограничниот регион…
Естонија планира изградба на околу 150 бункери…