Протест на адвокатите во Нови Сад против судските закони кои ги потпиша Вучиќ
Голем број адвокати и граѓани се собраа пред зградата на судските власти во Нови Сад, а им се придружија и дел од вработените во судот, протестирајќи против пакетот закони од областа на правдата, кои пред две недели ги потпиша претседателот Александар Вучиќ. Законите беа предложени од пратеникот на Српската напредна партија, Угљеша Мрдиќ, па по него го добија името – „Мрдиќеви закони“, пренесува Н1.
Од видеата што ги објавија српските медиуми на протестот може да се слушнат свирежи и вувузели.
Најавени се обраќања на неколку адвокати и судии, кои ќе ги презентираат своите забелешки на судските закони пред насобраните.
Адвокатите во Војводина денес се на еднодневен прекин на работата во знак на протест поради промените во тие закони.
Прекинувањето на работата го прогласи Адвокатската комора на Војводина (АКВ), која ја покани Адвокатската комора на Србија да прогласи тридневен прекин на работата.
АКВ најави дека во наредните денови ќе организира тркалезна маса, на која ќе бидат поканети претставници на обвинителствата и судовите, со цел заедничка анализа на усвоените измени на законите од областа на правдата и усогласување на понатамошните чекори во нивното оспорување, како и во заедничката борба за спречување на донесување системски закони во иднина на начин што ги исклучува експертите и пошироката јавност.
Обвинителите, судиите и адвокатите од Нови Сад организираа протест пред зградата на судските власти на 2 февруари и предупредија дека „е во тек директен напад врз судството“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…