Протокаларен скандал при слетување на авионот Софија – Скопје: Медиумите селектирани на наши и ваши
Неколкуте екипи на националните телевизии останаа на стотици метри оддалечени од авионот кој означи старт на авионската линија Софија-Скопје.
Снимателите на Влада, министерства и на колегите од Бугарија им беше дозволен пристап до самиот авион и делегацијата.
Од ТАВ Македонија, вината ја префрлаат кон организаторот. Од Влада велат дека не се тие организатори, а од Министерството за транспорт и врски останаа без одговор по големиот број на реакции од страна на националните медиуми
Присутни беа екипи на ТВ21, МРТ, Сител, МИА, Телма и неколку фоторепортери.
Ги потсетуваме владините институции дека слободата за известување на новинарите не треба да биде попречена, освен во случаи кога тоа мора да се ограничи поради безбедност
Ова не е прв пат медиумите да бидат иставени дури и со километри од настанот на аеродром, а снимателите на владините институции да имаат пристап и да снимаат за Фејсбук и Тик-ток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Владата прави се да нема никакви…
Венко Филипче и талогот на СДС никако…
Во владината кошничка нема трошок за кирија,…
Разликите меѓу синдикалната и владината потрошувачка кошничка…
Митева: Незаконски наплатените средства од компаниите за…
Денеска сакаме да ја информираме јавноста за…
Студентската листа: Блиску сме до договор за…
Студентската листа е блиску до решение за…
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…