Професорката да ви каже: Аман, луѓе, ТУРЦИЈА е, не ТУРКИЈЕ! Како тргнавте и северна Норт Маседониа ќе ја завикате
Турција е актуелна тема, за жал поради катастрофалните земјотреси кои ги погодија Турција и Сирија, но македонските политичари, па и новинари наместо соодветниот термин “Турција” почнаа да го употребуваат терминот “Туркије”, што е неправилно.
Професорката на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”, Елка Јачева-Улчар, на Фејсбук објаснува дека на македонски правилно е да се употребува терминот кој се употребуваше и досега.
– ТУРЦИЈА
Аман, луѓе!!! Турција на македонски во македонски текстови на кирилица си е Турција.
Туркије/TÜRKIYE на латиница и во меѓународна употреба. Како сте тргнале и севернава, кај северна – па и Норт Маседониа ќе ја завикате.
П.С. Гледајте го парадоксот, сега, подолу.
Имено, на ова Туркије инсистира Турција за да се избегне англискиот назив за Турција, Тurkey, што во превод од англиски би било ,,мисирка”. Е сега, подолу ќе видите како Турција и натаму си е Мисирка на англиски, ама на македонски Турција станала Туркије.
П.С.2 И новинската агенција е Анадолија а не Анадолу. Ова У во АнадолУ е генитивна наставка, а ние на македонски, како јазик во кој нема падежи, ги цитираме имињата така како што тие во јазиците со падежи гласат во номинатив, како основна неутрална форма. Ќе се обидам да објаснам преку српскиот. На македонски велиме: улица ,,Стеван Сремац”, или улица ,,Кочо Рацин”, а на улица СтеванА СремцА или КочЕ РацинА.
Ништо од сево ова ќе го немаше, да имавме Комисија за стандардизација за географски и други имиња! Ама кој да ме слуша мене вака ем небањата ем ,,опасна вмровка” без тапија! – напиша професорката на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Турција ни донира 500.000 дози вакцина против…
Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози…
Ердоган: Членството во ЕУ повеќе не е…
Египет може да се приклучи на новопотпишаниот…
(Видео) Пожар избувна на туристички брод во…
Пожар избувна на туристички брод во близина…