Професорот Климе, езерото и исконската струшка традиција за Богојавление
Тмурното време и студените води на Охридското езеро не ги спречија професорот Климе Попоски со свои роднини и пријатели денеска да ја продолжат вековната традиција што во Струга од секогаш се спроведува за големиот христијански празник Водици.
Попоски кој е водечки европски експерт за осигурување и денеска ја испочитува православната традиција во чест на Богојавление и влезе во водите на Охридското езеро.
И годинава во чест на Богојавление во студените води на езерото покрај професорот Попоски влегоа неговите деца, екс македонскиот фудбалски репрезентативец Игор Митревски и други блиски.
Професорот Попоски вели дека секој верник на Македонската Православната црква – Охридска архиепископија има обврска да ги одржува вековните традиции кои се пренесуваат од дедо на внук.
Предците на професорот но и огромен број луѓе во Струга, Охрид и цела Македонија уште од вториот век во нашата ера на ден Водици влегуваат во водите на Охридското езеро или други локации каде што се фрлал крстот.
Оваа традиција во Струга, Охрид и стотици други локации продолжува и годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…