Професорот Росоклија: ВМРО и СДСМ се на иста линија на национално предавство, исти во очите на Македонецот за корупција – Не гледам пат на ВМРО до формирање на Влада!

t

Професорот Горазд Росоклија, еден од најистакнатите македонски научници во полето на неврологијата, во коментар на Фејсбук објаснува дека двете најголеми македонски политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се изедначени во тоа како Македонецот ги гледа во однос на корупцијата.

Професорот дополнително прашува со што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги мотивира луѓето кои не се членови да излезат на избори и да гласаат за нив.

Во продолжение коментарот на Професорот:

– Гоце, сето наведено е точно, но не е точно од вчера. Во конфликтот со Данела, ВМРО доживеа и доживува максимална компромитација, оголување на корупцијата, а одговорот на партијата не е одговор, слушаме глупости и кафански досетки.

Ако на тоа се додаде компромитацијата и разголувањето на енормна корупција во врвот на партијата, со положените кауции на Мијалков, СДСМ и ВМРО се изедначија во тоа како Македонецот ги гледа ове две партии во однос на корупцијата.

Кога станува збор за националните интереси, ВМРО стои на иста линија со СДСМ, линија на национално предавство со повремени вербални егзибиции без суштинско значење. Двете партии се без идеологија, без идеолози, безлични.

Со што ВМРО ќе ги добие зборите? Колку пратеници треба да добие за да е поброен од коалицијата на ДУИ со СДСМ? 62? 72? Зошто албанските партии да прават коалиција со ВМРО, под претпоставка дека ќе има два три пратеника повеќе од СДСМ, зошто да ризикуваат макар и минимална неизвесност, кога со СДСМ имаат апсолутна извесност за спроведување на се’?

Како, со што ќе ги мотивирате Македонцитее кои не се ваши членови, да излезат на избори и да гласаат за вас? Не сум таму, моето мислење е апсолутно небитно, но од тука не го гледам патот на ВМРО до формирање влада. – коментира професорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукаревска очекува дека ДУИ ќе го поддржи…

Заменик претседателката на СДСМ во интервју за…

Маричиќ: Овие избори се борба за патот…

Овие избори се борба за патот кон…

Огласи на албански јазик за новите згради…

„Никнуваат“ нови згради но и огласи на…

Напади на новинари и злоупотреби на медиуми…

СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…