Професорот Узунов бара државата да удри по богатите

t

Ако владата ги замрзне цените на производите, тие ќе бидат можеби пониски, но претпријатијата ќе бараат помош од државата и на тој начин повторно поскапувањето ќе го платат граѓаните преку даноците, за „Фокус“ коментира професорот Ванчо Узунов.

-Во време на криза државите употребуваат различни економски механизми, но во принцип подобро е да ги оставиме цените да се движат слободно, а да ги помогнеме најранливите категории додека пак сите останати да штедат, додава тој.

Според Узунов повеќето земји кои се пред избори најчесто го применуваат замрзнувањето на цените како популистичка мерка, а останатите ја оставаат економијата слободна.

-Некој мора да ја плати кризата, за жал. Цените на производите кај нас најмногу растат бидејќи сме зависни од увоз, а тие земји од каде увезуваме не ги интересира нашиот стандард, но сепак определувањето на маржите е подобар механизам бидејќи повеќе ќе ги заштити сиромашните, појаснува тој.

Според него со замрзнувањето на цените се штитат повеќе богатите бидејќи по пониски цени купуваат поевтини производи, а кога цените се слободни, државата мора да интервенира кај социјално ранливите категории, поточно онаму каде е најпотребно до граница каде има прифатливо поскапување.

Од 1 март повеќе нема да има замрзнати цени, но ќе има одмрзнување на производните маржи на странските производи увезени во трговијата. Главно ова ќе бидат основни прехранбени производи, рече министерот за економија Крешник Бектеши денеска пред медиумите.

Од претходно, министерот најави дека маржата ќе може да се фиксира така што ќе се следат фактурите на трговците доставени при увоз до Царинската управа и ќе се следи ланецот на набавка до самите маркети, а таа нема да може да биде поголема од 5 отсто. – Пишува Соња Танеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Цените на суровата нафта достигнаа петмесечен максимум

Цените на суровата нафта се зголемија за…

Законот за нефер трговски практики да важи…

Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…

Реформа во Грција ги намали цените на…

Потрошувачите во Грција ќе забележат намалувања на…

Паднаа цените на нафтата

На глобалните пазари цените на нафтата паднаа…