Прeгазени двајца пешаци, со тешки поврeди прeнесени во болница

t

Двајца пешаци се здобиле со тешки телесни повреди во текот на вчерашниот ден откако биле удрени од возило. Како што информира МВР:
На 07.02.2022 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во 17.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гевгелија, патничко возило „санг јонг корандо“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(70), удрило во пешакот С.К.(53), двајцата од Гевгелија. Во несреќата С.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.
На 07.02.2022 во 15.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Тошо Арсов“ во Штип, товарно возило „цитроен берлинго“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(60) од Штип, удрило во пешакот П.М.(78) од Штип. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема трагедија го потресе цел Балкан: Во…

Во сообраќајна несреќа која се случила вчера…

Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…

Продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

(Фото) Шокантни слики: Како се случи сообраќајната…

Шокантни се сликите од сообраќајната несреќа на…