Психолози: Без разлика на тоа што еден од нив е јавна личност, не мора да значи дека е и здрава личност

t

Откако случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес ја потресе јавноста, психолозите Мирјана Јовановска – Стојановска и Розалија Секулоска апелираат на смиреност, затоа што, нагласуваат за МИА, ваквите превривања не помагаат во справувањето со шокот.

-Граѓаните би требало да издишат и да не прават конфузија, затоа што не си помагаат со ваквите превривања. Најдобар начин да се смири јавноста е доколку не се прават претпоставки, не треба да се биде хаотичен. Граѓаните повеќе би требало да мислат како да направат поддршка на роднините на девојчето, на начинот на кој зборуваат и комуницираат да им направат простор тие да поминат низ својот дел од шокот, вели во изјава за МИА, психологот Мирјана Јовановска – Стојановска.

Најдобар начин да се смири јавноста, додава Јовановска – Стојановска, е доколку не се прават претпоставки, нема потреба да се биде хаотичен.

Во одговор за тоа како да се справат со шокот децата и соучениците на Вања, таа вели училиштето треба да им обезбеди психолог, стручно лице кое ќе ги води низ процесот на загуба и обжалување.

-На децата би требало да им обезбедат психолог што знае да се справува со процес на обжалување. Некој што знае како да се справува со шокови и стресови, некој што ќе знае да ги помине низ целиот тој процес на прифаќање на информацијата, разработка на сопствените чувства и како понатака да продолжат да се движат во својот живот. Да ги научи како да процесираат емоции, затоа што ако ние возрасните сме шокирани, можете да замислите тие како се чувствуваат, вели Јовановска – Стојановска и додава дека родителите на децата исто така треба да бидат вклучени.

Психотерапевтот Розалија Секулоска во разговор за МИА вели јавноста е разочарана и зборува за воведување на смртна казна, за која вели „за мене лично како човек и граѓанин, сум за воведување на смртна казна за вакви случаи“.

-Како психотерапевт можам да кажам дека сите ние носиме психолошки наметки, кога ќе ги тргнеме тие наметки се гледа каков човек сме ние всушност. Ова веќе се граничи со болест, односно патологија. Без разлика на тоа што еден од нив е јавна личност, тоа не мора да значи дека е и здрава личност. Жално е што немаме сито и решето за тие што се појавуваат во јавноста, а за жал можеби и дома, да откриеме дека всушност се работи за патологија, рече Секулоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…

Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…