Пудлицата на Мицкоски сака да има конфликт: Има одлука за уривање на крстот на Попова Шапка

t

Ќе се отстранува крстот на Попова Шапка, најави првиот човек на Општинскиот инспекторат во општина Тетово Садат Сулејмани. Тој вели дека има одлука да го урне крстот заедно со 5.000 други објекти, без да прецизира кога точно.

„За крстот има одлука за уривање. Кога ќе се отстрани? Во Тетово има над 5.000 решенија за уривање. Гледате дека се трудиме да работиме. Кога ќе дојде време, ќе го направиме тоа“, вели Садат Сулејман, началник на општинскиот инспекторат во Тетово.

Веднаш следеше реакција и од ДУИ во Тетово. Од ДУИ велат дека ова јасно покажува дека поставувањето на крстот на Попова Шапка е политичко пазарење меѓу Движење Беса и ВМРО-ДПМНЕ.

„Имајќи предвид дека на вонредната седница на Советот на општина Тетово, општинските функционери јавно признаа дека биле свесни дека крстот ќе биде поставен на Попова Шапка, а не презеле ништо, јасно се гледа дека се работи за постапки координирани меѓу Движење Беса и ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикуваме овие две партии кои ја водат општина Тетово, да ги решат прашањата од интерес на граѓаните и да не играат ниски игри за да креваат вештачки тензии за некаква политичка корист“, велат од ДУИ.

По ова следуваше реакција од Движење Беса од каде истакнуваат дека актуелната власт и ДУИ не прават криминал само преку изнуда на народот туку и преку манипулации со дезинформациите и играјќи со верските и етничките чувства на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…

„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…

Нов бран закани за поставени експлозивни направи…

ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…

Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…