Пукање во центарот на Белград, рането едно лице
Во Беград на булеварот „Краљ Александар“ изутринава имало пукање при што еден маж е повреден, а на лице место во моментов се голем број припадници на безбедносните сили.
Како што јавува српски „Блиц“ според очевидци се слушнале три истрели, а брзата помош излегла веднаш на лице место.
Според спрските медиуми, пред пукањето се одвивала вистинска филмска бркотница со автомобили на истоимениот булевар, каде полицијата бркала маж во црвена „шкода“, и успеала да го приведе во близина на улицата „Батутова“, пишува Блиц.
Засега не се знае мотивот за престрелката ниту личните податоци на инволвираните во настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
(Видео) Малолетник нападна полицаец со два ножа…
Малолетник од Шабац е убиен ноќеска пред…
Засилени активности во Пионирскиот парк во Белград:…
Во Пионирскиот парк во Белград се наоѓа…