Путин: Ако ЕУ ги ублажи санкциите, на земјите во развој ќе им испратиме 300.000 тони ѓубриво што е заглавено на европски пристаништа
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да испрати над 300.000 тони руско ѓубриво, заглавено во европските пристаништа, до земјите во развој, доколку Европа се согласи дополнително да ги ублажи санкциите за рускиот извоз.
Путин, во говорот на Самитот на Шангајската организација за соработка во Узбекистан, истакна дека Европа само делумно ги укинала санкциите што ја попречува продажбата и дистрибуцијата на руски ѓубрива низ светот.
Тој ја поздрави одлуката на Европска Унија за ублажување на некои логистички санкции за рускиот извоз, но во исто време ја обвини ЕУ за себичност.
Само тие можат да ги купат нашите ѓубрива. А што е со земјите во развој и најсиромашните, праша Путин на Самитот.
Како дел од договорот со Украина, Турција и ОН, кој беше постигнат во јули, на Русија и беше дозволено да ги продава своите ѓубрива на глобалниот пазар, но мораше да ја укине блокадата на јужните украински поморски пристаништа и да и дозволи на Украина да извезува жито.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…