Путин во посета на Киргистан
Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во посета на Киргистан, што е негово прво познато патување во странство откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.
Путин ретко ја напушта Русија од почетокот на инвазијата на Украина кон крајот на февруари 2022 година и не е познато дека патувал надвор од земјата откако Судот издаде налог за апсење во март под сомнение дека незаконски депортирал стотици деца од Украина.
Кремљ ги негира ваквите обвинувања, пренесуваат хрватските медиуми.
Рускиот претседател во текот на денот треба да разговара со својот киргистански колега Садир Јапаров и да учествува на Самитот на лидерите на Комонвелтот на независни држави, кој обединува неколку поранешни советски републики, утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Уапсена шефицата на албанската тајна служба, Влора…
Директорката на албанската разузнавачка служба Шиш, Влора…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
(ВИДЕО) Дел од делегатите на Генералното собрание…
Делегати од повеќе земји ја напуштија салата…