Путин ги засилува „агресивните хибридни напади“ врз Германија
Шефицата на германската воена контраразузнавачка служба (MAD), Мартина Розенберг, денес предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин ги интензивира, како што тврди, „агресивните“ хибридни напади врз Германија.
Розенберг рече дека обидите на Русија да го наруши германското општество се удвоиле во првата половина од оваа година, објавува Политико.
Според неа, станува збор за „ненадејно зголемување на бројот на случаи на шпионажа и хибридни мерки“, при што „пристапот е помасовен и поагресивен“.
„Не е тајна дека, како логистички центар за движење на трупите на НАТО и како активен партнер на НАТО, Германија е секогаш на радарот на странските разузнавачки служби“, истакна Розенберг.
Неодамна, германската морнарица беше сведок на саботажи на бродови каде што беа прекинати кабли, беше додадено масло во водоснабдувањето или беа пронајдени метални шрапнели во погонскиот систем на бродот, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Барнам: Путин нема да биде поканет на…
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…