Путин го потврди учеството на самитот Г20
Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на Индонезија да учествува на самитот Г20, но форматот на учество сè уште се разјаснува, изјави денеска советникот на Путин, Јуриј Ушаков, цитиран од Тасс.
-Да, потврдивме дека нашето учество е планирано“, рече тој.
На Ушаков, меѓутоа, му беше тешко да одговори на прашањето дали рускиот претседател ќе учествува лично или преку видео врска.
-Не знам, засега е поканет за лично да учествува, но има уште многу време, се надевам дека пандемијата ќе дозволи овој важен форум да се одржи лично, но едноставно се плашам да погодувам, кажа советникот на Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…