Путин го потпиша указот: Ќе следува одговор за сите што ќе воведат ограничување на цената на руската нафта
Претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша указот за посебни мерки за граничната цена на руската нафта и нафтените деривати, што го воведоа некои земји.
Како што е наведено во документот, овие мерки се воведени „во врска со непријателските и спротивни на меѓународното право дејствија на Соединетите Американски Држави и странските земји и меѓународните организации кои им се приклучиле“ и со цел да се заштитат националните интереси на Руската Федерација. .
Претседателот ги забрани испораките на нафта и нафтени деривати од Русија на оние кои предвидуваат горни граници на цените во нивните договори. Путин, исто така, го забрани снабдувањето со нафта за странските купувачи доколку договорите користат механизам за ограничување на цената.
Документот стапува на сила на 1 февруари и ќе биде на сила до 1 јули 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…