Путин згрме: Нападите на гасоводите се акт на меѓународен тероризам
Рускиот претседател Владимир Путин во синоќешниот разговор со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган ги осуди наводните напади на гасоводите „Северен тек 1 и 2″ во Балтичкото Море, кои, според за него се „чин на меѓународен тероризам”.
Во телефонскиот разговор со Ердоган, рускиот претседател ги „изрази своите размислувања за невидените акти на саботажа, всушност меѓународен тероризам против „Северен тек 1″ и „Северен тек 2″, се наведува во соопштението на Кремљ.
Шведската крајбрежна стража вчера информираше за четврто истекување гас во Балтичкото Море над гасоводот „Северен тек”.
Европа експресно оцени дека тоа е „саботажа”, а Москва го отфрли ова тврдење како „глупаво и апсурдно” и повика на истрага.
Гасоводите „Северен тек 1 и 2″ не работат, но во цевките има гас.
НАТО вчера изрази „длабока загриженост” поради оштетувањето на гасоводот и предупреди дека секој намерен напад врз инфраструктурата на сојузниците ќе биде проследен со „унифициран и решителен одговор”.
На барање на Москва за денеска е закажан итен состанок на Советот за безбедност на ОН токму на оваа тема, бидејќи сите сомнежи се насочени кон тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Барнам: Путин нема да биде поканет на…
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Нетанјаху: Продолжуваме да го напаѓаме тероризмот на…
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, отворајќи го…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…