Путин: Имаме обврска да им помгнеме на жителите на Донбас
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека должност на Русија е да им помогне на луѓето што живеат во Донбас, пренесува ТАСС. „Сите обиди за мирно решавање на ситуацијата пропаднаа поради ставот на Киев”, рече Путин на средбата со учесниците на еколошкиот форум во Камчатка.
„Наша должност е да им помогнеме на жителите на Донбас и токму тоа го прави Русија. Восхитен сум од храброста на жителите на Донбас кои ги бранат своите републики на фронтот.
Знам за што зборувам затоа што долетав тука по уште еден извештај од раководството на вооружените сили за тоа што се случува. Овие луѓе не се професионални војници, мештани сочинуваат воени единици, но тие се борат подобро од професионални војници бидејќи се храбри и ефикасни“, рече Путин, пренесува ТАСС.
Путин рече дека покрај храбрите и силни луѓе во републиките Донбас има и многу професионалци.
„Тие се љубезни, професионални и расположени за позитивна работа во своите области: во уметноста, образованието, земјоделството, индустријата и заштитата на животната средина. Мораме да им помогнеме на таквите луѓе и, се разбира, ќе го направиме тоа“, рече Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…