Путин: Има можност за склучување мировен договор со Украина
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои можност за склучување мировен договор со кој би завршила војната во Украина, објави „Ројтерс“.
Путин истовремено ја обвини Украина за „државен тероризам“ поради предупредувањата до авиокомпаниите дека украинските напади со беспилотни летала го направиле рускиот воздушен простор опасен за цивилната авијација.
Тој посочи дека повеќе земји, меѓу кои и САД и Кина, се подготвени да помогнат во постигнувањето мировен договор.
„На крајот, сепак, проблемот треба да го решат земјите кои се вклучени во конфликтот – Русија и Украина. Тоа е правилниот пристап. Сепак, благодарни сме на сите кои се обидуваат да придонесат за постигнување договор. Дали има шанса? Според мене, да, има“, изјави Путин на Источниот економски форум во Владивосток.
Според „Ројтерс“, Путин оценил дека повторното започнување на мировните разговори е отежнато поради украинските напади врз бродскиот сообраќај и повикот на Киев цивилните авиони да го избегнуваат рускиот воздушен простор.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот ги предупреди авијациските и осигурителните компании дека присуството на украински беспилотни летала во рускиот воздушен простор го прави небезбеден за користење и дека тој практично е затворен.
Русија, пак, порача дека ќе ја одржува безбедноста на својот воздушен простор и дека нема да дозволи нарушување на авионскиот сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…
Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…