Објавено на:

Путин инвестира 26 милијарди долари за да биде „вечно млад“: Како неговите напори за запирање на стареењето станаа државен приоритет на Русија

t

Рускиот претседател Владимир Путин се придружи на трката на глобални милијардери од Силиконската долина како Џеф Безос и Сем Алтман за развој на технологии против стареење и продолжување на животот.

Според најновите извештаи, Путин започна масовна национална иницијатива за долговечност вредна дури 26 милијарди долари, со официјално ветување дека проектот ќе спаси 175.000 животи во Русија до крајот на деценијата.

Критичарите веднаш ја забележаа темната иронија во оваа бројка, бидејќи бројката од 175.000 луѓе морничаво се совпаѓа со наводните независни проценки за загубите на руските војници за време на војната во Украина, пишува „Волстрит џурнал“.

Руските државни научници, лично назначени од кругот на Путин, се фокусираа на две клучни гранки на технологијата: 3Д биопечатење на живо ткиво и ксенотрансплантација – односно одгледување човечки органи во посебна раса мини-свињи, кои се сметаат за најгенетски компатибилни со луѓето.

Тамошните лаборатории тврдат дека веќе успешно испечатиле глувчешка ‘рскавица и тироидни жлезди, со амбициозна цел да се постигне целосна замена на човечки органи до 2030 година.

Сепак, за разлика од западните проекти, руското истражување досега произвело забележително малку рецензирани научни трудови во водечки меѓународни списанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…