Објавено на:

Путин му кажа “Не” на Западот: Нема да присуствува на Минхенската безбедносна конференција

t

Рускиот претседател Владимир Путин нема да учествува на Минхенската безбедносна конференција, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков за Спутник.

Настанот ќе се одржи во живо од 18-20 февруари за прв пат по две години, а ќе се разговара и за украинската кризаа.

На прашањето дали оваа точка е во распоредот на рускиот лидер, Песков беше дециден: „Не“.

Минхенската безбедносна конференција се одржува секоја година од 1962 година. Во првите години, на неа присуствуваа главно претставници на Северноатлантскиот сојуз, а од 1990-тите им се приклучија Русија, Кина, Јапонија, Индија и други земји.

Во својот говор во 2008 година, претседателот Владимир Путин остро ја критикуваше надворешната политика на САД и идејата за монополарен светски поредок. Потоа остро реагираше на проширувањето на НАТО и распоредувањето на американската ПРО во Источна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…