Путин најави обраќање во текот на денот!
Во текот на денешниот ден ќе има обраќање на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Путин ќе се обрати по вчерашните настани со Вагнер и Пригожин кои највисокото раководство на Армијата ги оцени како државен удар.
Министерството за одбрана, ФСБ, Министерството за внатрешни работи и Руската гарда деноноќно му рапортираат на претседателот Владимир Путин за преземените мерки по упатствата што им беа дадени во врска со обидот за вооружен бунт, изјави портпаролот на Кремљ.
„Специјалните служби, агенциите за спроведување на законот, имено Министерството за одбрана, ФСБ, Министерството за внатрешни работи, Националната гарда, во деноноќен режим, постојано го известуваат претседателот за преземените мерки во контекст на исполнување на инструкциите што претходно им беа дадени“, нагласи Песков.
Претходно, ФСБ отвори кривично дело за предизвикување вооружен бунт по изјавите на Евгениј Пригожин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…