Путин одржа нов говор: Не смееме да го ослабнеме рускиот суверенитет
Тој рече дека би било „опасно за Русија да го ослаби нејзиниот суверенитет“, додавајќи дека „нема да ја повтори таа грешка“.
„Во овие 1160 години научивме дека е опасно за Русија да го ослаби својот суверенитет, макар и за момент. Во тие периоди, самото постоење на Русија беше загрозено. Никогаш нема да ја повториме таа грешка“, рече Путин.
„Нема да се предадеме на уцени и заплашувања и никогаш нема да го загрозиме нашиот суверенитет. Ќе го зајакнеме и ќе ја развиваме нашата земја. Суверенитетот е гаранција за слободата на секој човек, исто како и нашите традиции. Луѓето не можат да се чувствуваат слободни, вистински слободни , ако мајка Русија не е слободна“, продолжи рускиот претседател.
Путин зборуваше и за „единството на луѓето соочени со заканата“.
„Почит кон семејството, љубов кон децата – ова е силна основа на нашите вредности. Тоа е и сочувство и желба да бараме благосостојба, не само за нас, туку и за цела Русија. Тоа е и единство на луѓето кои се соочуваат со закана за нашите пријатели и татковина“, рече Путин и на крајот од говорот се осврна на војната во Украина, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“.
„За време на специјалната воена операција, нашите херои, војници и офицери, нашите доброволци, сите тие ги покажуваат највисоките човечки вредности. Тие чесно се борат како браќа за народот на Донбас“, рече Путин, а потоа додаде: „Да се биде патриот е самата природа на Русија“.
Да потсетиме, Путин претходно денеска најави делумна мобилизација на руските резервисти и му се закани на Западот со употреба на нуклеарно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…