Путин ослободи 215 заробеници од Азов за да го спаси кумот!

t

Рускиот претседател Владимир Путин се согласи да размени 215 воени заробеници од Украина за 55 руски затвореници кои ги држеше Украина.

На списокот на разменетите имаше едно звучно, и очигледно важно име за Кремљ – Виктор Медведчук.

Виктор Медведчук беше заробен на 12 април, речиси два месеци по почетокот на војната. Веста за неговото апсење на социјалните мрежи ја објави првиот човек на Украина, Володимир Зеленски. Украинските власти го сомничат контроверзниот бизнисмен за велепредавство и обиди за грабеж на националните ресурси на Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Еден ден по апсењето, Зеленски и понуди на Русија да го замени Медведчук за заробени Украинци, но тогаш Кремљ ја отфрли таквата можност бидејќи „Медведчук не е руски државјанин“ и „нема никаква врска со специјална воена операција во Украина“. Како што тогаш беше соопштено од Москва, „тој е странски политичар“.

„Апсолутно не знаеме дали тој сака Русија да се вклучи во решавањето на клеветничкиот случај против него“ – изјави тогаш портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

За вкупно 55 руски затвореници кои ги држеше украинската страна, Русија беше подготвена да и предаде на Украина 215 затвореници, од кои повеќето беа членови на контроверзниот баталјон Азов кој падна во руски раце заедно со фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

Медведчук, покрај тоа што е лидер на проруската опозициска партија во Украина, е близок пријател и кум на Владимир Путин. Форбс го процени неговото богатство на 620 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познатиот Цацко: Тројца странски амбасадори ме убедуваа…

Познатиот македонски сатиричар Љупчо Бубо Каров, во…

Трамп: Војната со Иран е финансиски обезбедена…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека војната…

(Видео) Мицкоски по средбата со Кошта, фон…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува пакетот средства за…

Хеликоптер „Блек хок“ тргнат од Косово денеска…

Американски воен хеликоптер „Блек хок“ денеска го…

Полска бара акција од НАТО: „Соборете ги…

Полска им предложи на сојузниците на НАТО…