Путин предупреди на влошување на старите, како и отворање на нови конфликти низ светот

t

Претседателот на Русија, Владимир Путин оцени дека ситуацијата во светот е тешка и напната и укажа на влошување на старите и отворање нови конфликти во голем број региони.

Путин, обраќајќи им се на учесниците на 11-от состанок на секретарите на Советот за безбедност на Заедницата на независни држави (ЗНД), кој почна денеска во Москва, рече дека тоа може да се види особено на Блискиот Исток, каде, како што наведе, e предизвикана нова рунда на палестинско-израелски конфликт, конфронтации во кои страдаат пред се цивили.

Според Путин, „некои земји се обидуваат да ги поткопаат легитимните власти во земјите на ЗНД и врските меѓу нив, што бара координиран колективен одговор“.

– Активностите на некои држави се директно насочени кон поткопување на легитимните власти, социјалната стабилност и традиционалните вредности во земјите на ЗНД, нарушување на нашите традиционални блиски трговски и културни врски, рече рускиот претседател.

Тој додаде дека земјите од ЗНД и понатаму се соочуваат со заеднички закани како што се тероризмот, организираниот криминал, трговијата со дрога, илегалната миграција, радикализмот и екстремизмот, како и ризиците во областа на економската, информациската, технолошката и биолошката безбедност.

– Сето ова бара не само координиран колективен одговор, туку и голема превентивна работа, нагласи Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Газа е најнехуманиот, најсрамниот концентрационен логор…

Турскиот претседател Таип Ердоган денес пред Генералното…

Макрон од говорницата на ОН предупреди дека…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во своето…

(Видео) Струмичката полиција откри нелегална плантажа и…

СВР Струмица реализираше акција во подбеласичкиот регион…

Недостиг на дел од горивата на француските…

Дел од бензинските пумпи во Франција остануваат…