Објавено на:

Путин: Русија и Кина се обединети против санкциите кои ја попречуваат глобалната трговија

t

Русија и Кина заеднички се спротивставуваат на дискриминаторските санкции во светската економија, кои го кочат глобалниот социо-економски прогрес, наведе рускиот претседател Владимир Путин во пишано интервју за кинеската информативна агенција Синхуа.

Двете држави ќе продолжат да работат на редуцирање на взаемните трговски пречки, изјави Путин, во пресрет на четиридневната посета на најголемиот руски економски партнер. “Накратко, економската соработка, трговијата и индустриската соработка меѓу нашите земји напредуваат во повеќе области.”

“За време на мојата посета, сигурно ќе разговараме за понатамошните изгледи за меѓусебно корисна соработка и нови чекори за нејзино интензивирање во корист на народите на Русија и Кина”, додаде Путин. Тој подвлече дека економските врски меѓу Москва и Пекинг се развиваат сѐ подинамично и достигнале “невидено високо ниво”.

“Од 2021 година, трговската размена меѓу Москва и Пекинг порасна за околу 100 милијарди долари”. “Што се однесува до билатералната трговија, Кина е несомнен лидер за Русија, а минатата година Русија го зазеде петтото место меѓу странските земји, надворешно-трговски партнери на Кина”, рече Путин во интервјуто.

Тој го именуваше кинескиот претседател Си Џинпинг како свој пријател, напоменувајќи дека неговата посета на Русија во мај била исклучително успешна. Патувањето во Кина доаѓа во момент кога тој настојува да го спречи намалувањето на билатералната трговија додека руската војна во Украина сѐ уште трае, и покрај неодамнешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска.

Кога западните држави ги прекинаа врските со Русија по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Кина веднаш понуди помош, купувајќи руска нафта и продавајќи производи од автомобили до електроника, што ја зголеми билатералната трговија на рекордни 245 милијарди долари во 2024 година. Путин и Си во 2022 година прогласија стратешко партнерство “без ограничувања”. Двајцата се сретнале повеќе од 40 пати во последната декада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…

САД информираа неколку арапски земји од Персиски…

Се запалил бојлер во барака на „Стив…

Бојлер се запалил синоќа во една од…

УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…

Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…

Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…

Недостиг од речиси осум тони сув цвет…

Дали изборот за шеф на ОЈО ГОКК…

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на…