Путин: Русија ќе издвои милијарди за развој на новите региони
Русија во наредните години ќе одвои практично две милијарди рубљи за развој на новите региони, изјави рускиот лидер Владимир Путин.
„Од федералниот буџет планираме да одвоиме речиси две милијарди рубљи за развој на тие територии во следните две и пол години. Ова не се мали пари. Имаме неколку програми за развој на тие територии“, истакна тој во разговорот со средношколците на отворениот час наречен „Разговори за важното“.
Како што рече, првата фаза ќе вклучува достигнување на серуско ниво на сите општествени прашања – медицина, образование, развој на инфраструктурата, но и обновување на се што е уништено. Следно, ќе инвестираме во станбено-комуналниот сектор, патишта, ќе го обновиме високото образование, како и културните објекти, како и индустриското и земјоделското производство.
Тој исто така рече дека луѓето кои живеат во тие нови региони на Руската Федерација се исклучително талентирани, способни и енергични и никој не седи со скрстени раце.
„Луѓето се подготвени да работат, потребно е само да се создадат потребните услови за тоа“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…