Путин: Рускиот авион Ил-79 е соборен со системот „Патриот“
Експертизата покажа дека авионот Ил-76 е соборен од американскиот систем „Патриот“, соопшти рускиот претседател Владимир Путин.
Како што рече, токму затоа Русија инсистира и бара меѓународна истрага за падот на Ил-76, но „нема официјални организации“ кои сакаат да го направат тоа.
Путин истакна дека не знае и не разбира зошто Украина го соборила авионот во кој се превезувале 65 нивни војници кои требало да бидат разменети. Како што рече, може да се претпостави дека Киев тоа го направил случајно, но секако е кривично дело – од небрежност.
„Украина веројатно сака да не испровоцира на одмазднички акции“, рече рускиот лидер.
Путин додаде дека Москва нема да ја запре размената на затвореници со Украина.
„Нема да ја запреме размената. Мора да ги вратиме нашите војници. Односот на украинските затвореници во Русија со нашите во Украина е десет спрема еден, дури и повеќе. Ќе ги вратиме нашите војници, доколку украинската страна е подготвена. Цело време ни испраќаат сигнали дека се подготвени“, рече рускиот лидер на средбата со членовите на Изборниот штаб.
Тој привлече внимание и на фактот дека медиумите на Запад се обидуваат да ја прикријат приказната за падот на авионот Ил-76.
„Погледнете што пишуваат таму во западните медиуми? Ништо. Кога ќе трепнете, сите веднаш забораваат, сè исчезнува, полето за информации веднаш се брише. Сепак, нема да ги заборавиме злосторствата што ги прават врз нашите граѓани“, рече рускиот лидер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: На Украина ѝ се потребни 5%…
Володимир Зеленски го повикува Вашингтон да ослободи…
Американската војска ќе потроши речиси 60 милијарди…
Американската војска ѝ додели на компанијата „Lockheed…
Авион полн со патници нагло се спуштил…
Пет лица се повредени откако патнички авион…
Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…
Патнички авион на лет од САД кон…
(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…
На социјалните мрежи се појави нова снимка…