ПУТИН СЕ АНГAЖИРАШЕ ЗА РЕНОВИРАЊЕТО: Украинците урнаа клучен тунел длабоко во руска територија
Украинците урнаа клучен тунел на единствената линија што ги врзува Сибир и Азија. Се активирале четири експлозивни направи.
Рускиот канал „База“ на Телеграм, кој е поврзан со руските безбедносни служби, соопшти дека во раните утрински часови вчера се запалил резервоар со гориво додека се движел низ тунелот во Бурјатија.
Главната и единствена посериозна железничка линија на Русија до Кина остана парализирана откако Украинската служба за безбедност разнесе тунел во руската република Бурјатија, објави новинската агенција РБЦ-Украина цитирајќи неименувани извори. Со уривањето на тунелот отсечена е можноста за транспорт на стоки по железницата долга 4.300 километри кој носи пратки за Азија преку Сибир, пренесува Њузвик.
Пругата позната како БАМ претходно беше реновирана и модернизирана, за што лично се заложил рускиот претседател Владимир Путин за да се зголеми товарниот сообраќај од Кина до Европа. Сега врската е прекината.
Рускиот канал „База“ на Телеграм, кој е поврзан со руските безбедносни служби, соопшти дека во раните утрински часови во четвртокот се запалил резервоар со гориво додека се движел низ тунелот во Бурјатија.
„Веројатно ова беше саботажа“, објави каналот во четвртокот, додавајќи дека нема жртви и дека службеници на ФСБ и полицајци се на местото на настанот.
Службата ФСБ е главната руска државна безбедносна агенција и главен наследник на советската ера КГБ.
Неименуван извор за весникот „Украинска правда“ ја потврди веста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УГД има нулта толеранција за каков било…
Во врска со денешните полициски дејствија и…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“
Вкупните одливи на средства од „АЛТА банка“…
„Жената не е личност на која ѝ…
Марија Митева, владината портпаролка и претседателка на…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…